дејност
раководен тим
вработени

.
Историјат

.
.

Претпријатието АД Алгрета-Ресен е основано од страна на Собранието на Општина Ресен со Одлука бр.02-873/1 од 4.04.1974 година како работна организација за производство на алуминиумски грејни тела, производство на автоделови и разна стока и галантерија од алуминиумски легури леани под висок притисок.
Основањето е регистрирано при Окружниот Стопански Суд во Битола под бр. ФИ 174/77 на ден 31.03.1977 година.
Основна дејност на фабриката е производство на сите видови алуминиумски грејни тела, производство на автоделови од алуминиумски легури леани под висок притисок и производство на разна стока од алуминиумски легури со кокилно леење, како и споредно вршење на услужни поправки во механичката работилница и други видови на услуги со свои средства (бојадисување) и др.
Седиштето на претпријатието е во Ресен, без погони и деловни единици надвор од седиштето.
На 31.12.1981 година претпријатието Алгрета-Ресен е запишано во Судскиот регистар во Окружниот Стопански Суд во Скопје под ФИ бр.1118/81 здружено и конституирано во ООЗТ Алгрета-Ресен, во состав на РО Металски Завод Тито-Скопје, кога е регистрирано како ДОО.
Во состав на МЗТ-Скопје е до крајот на март 1997 година, а од април истата година е преструктурирано по Законот за трговски друштва како акционерско друштво АД АЛГРЕТА-РЕСЕН.
АД Алгрета-Ресен како стопански субјект дејствува од 1974 година и е релативно млад капацитет без претходна традиција во својата бранша наследена од некој помал индустриски или занаетчиски капацитет. Нејзиното производство на грејни тела значеше нова понуда на тогашниот југословенски пазар, кое се пласираше единствено преку градежништвото, па така судбината беше поврзана со експанзијата или падот на градежништвото. Другите производи (одливки од легура, производство на легури, услуги и сл.) беа од маргинално значење, па така деловните резултати главно беа предодредени од производството и можноста за пласманот на радијаторите.