|
.
. . |
||
| Претпријатието
во поголем дел досега е присутно на домашен пазар, како единствен производител
на алуминиумски грејни тела. Во последниве две години веќе се отвораат можностите
и перспективите за посериозен настап на пазарите надвор од Македонија, како
Бугарија, Албанија и другите балкански држави. Продажбите на претпријатието се одвиваат на пазарот во Македонија и во соседните земји: Бугарија, СР Југославија и Албанија во поголем дел. Пазарот во овие земји е карактеристичен по тоа што како последица од случувањата во овие земји во последните 6-7 години дојде до значителни нарушувања во вообичаените и стандардни односи на понудата и побарувачката. Потребите за овие производи во Македонија во наредниов период се проценува дека ќе растат главно поради тенденцијата на зголемената станбена изградба во наредниов период. Слични се проценките за останатиот регион на Балканот каде што се очекува во наредниов период да се дојде до постабилни економски и политички односи со интензивирање на развојните тенденции. Продажбата преку застапништва ќе биде остварена и тоа во оние региони во кои потребите од овие производи ќе бидат најголеми. Најголем дел од обезбедувањето на алуминиумовите легури за пресување ќе се обезбедуваат од пазарите во Црна Гора и Источна Европа (Украина и Русија). |
||