|
.
. . . |
|
|
Во
текот на претходната година е вложено во инвестициско одржување и реконструкција
на виталните делови на опремата и објектите.
Набавен е нов алат за производство на новиот тип радијатор Р-500 кој е со помала тежина од постојниот, а е со поголема калорична моќ. Во тек е вложувањето во нова линија за прашливо (пулвер) бојосување на радијаторите кое е многу поквалитетно од досегашното течно бојосување. Оваа линија треба да биде монтирана до првата половина на декември 2001 година. Во тек се разговори со италијански партнер за набавка на линија за монтирање на котли за топла вода кои ќе го користат гасот како енергетско средство. Моментално ваков капацитет во поблиското и поширокото соседство не постои. Период на успешен развој бележи со влегувањето во состав на МЗТ Скопје и при тоа беа извршени неопходните промени во техничко-технолошкиот процес, организацијата во работењето, кадровскиот состав и маркетингот. Проектираниот капацитет на АД Алгрета-Ресен поради хетерогеноста на производната програма се изразува во тони на одливки лиени под притисок и изнесува 1.200 тони од кои: - радијаторски ребра - 500.000 парчиња или 1.000 тони - разни одливки - 200 тони. |
|